Претседавачот Османи ќе ја отвори годишната Конференција на ОБСЕ за сајбер безбедност што се одржува во Скопје

– Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи ќе ја отвори годишната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност што во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, која денеска и утре ќе се одржува во Скопје. 

-Сајбер/ИКТ безбедноста и подигнување на свеста за заштита од растечките закани од сајбер напади се дел од приоритетите во програмата на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, се наведува во соопштението од МНР. 

Годинешната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност насловена „Луѓе, доверба, отпорност: градење сајбер безбедност за сите“, има за цел да ја зајакне сајбер безбедноста и да изгради кохезивен политички пристап меѓу државните актери и другите засегнати страни, како што се приватниот сектор, академската заедница и невладините организации.

Конференцијата ќе послужи и како платформа за претставниците на земјите-учеснички во ОБСЕ, заедно со партнерските организации и другите чинители активно да се вклучат во суштинска дискусија за овие релевантни теми.