Овој човек се фрли врз бомба за да ги спаси другите: Имал рак и сакал да се развесели на музички фестивал, а потоа Хамас го започна масакрот (фото)

Раз Пери (20), кој боледува од рак на лимфните жлезди, беше еден од луѓето кои беа на музичкиот фестивал „Супернова“ на југот на Израел на 7 октомври, кога членовите на палестинското екстремистичко движење Хамас упаднаа таму од Појасот Газа.

Напаѓачите кои летаа таму со параглајдери и почнаа да пукаат кон луѓето убија 260 цивили, а голем број учесници на фестивалот беа ранети, меѓу кои и Пери.

Си-Ен-Ен го посети во болницата во Реховот, каде што веќе две недели се опоравува од последиците од експлозијата на бомба на Хамас, кон која се фрлил за да спаси други.

„Њујорк пост“ пишува дека Пери отишол на фестивалот за „повторно да се чувствува жив“.

– Имам рак. Бев на фестивалот да слушам музика за своја душа. Не можам да заборавам што видов таму со свои очи – изјави Пери.

Тој рече дека со ужас гледал како 40-50 членови на Хамас пукаат врз учесниците на фестивалот кои се обидувале да побегнат на самиот почеток на нападот.

Со уште четири лица успеал да најде засолниште во бункер покрај патот, но една од жените меѓу нив почнала да вреска кога ги видела напаѓачите како се приближуваат и зборуваат на арапски.

Пери изјавил дека морал да ги употреби тупаниците, бидејќи немал ништо на себе, за да се соочи со првиот член на Хамас кој влегол во засолништето. После тоа, други влегле и пукале кон Пери, но удриле друг маж во ногата.

Си-Ен-Ен јавува дека хаотичната конфронтација продолжила надвор од засолништето, при што членовите на Хамас по грешка застрелале еден од нивните другари.

Пери и другите Израелци го искористија ова за да се вратат во засолништето, при што чченовите на Хамас ѕиркале одозгора, а потоа фрлиле неколку рачни гранати внатре.

Според Пери, тој потоа се фрлил кон една од бомбите за да ги заштити другите, а од експлозијата бил ранет во ногата и се онесвестил.

Кога другите од групата почнале да им помагаат на ранетите, еден од луѓето што се криеле таму излегол надвор, по што Хамас се вратил и повторно пукал.

Маж и жена биле убиени во тој процес, а Пери бил ранет во стомакот, но преживеал ползејќи под телото на мртвата жена и преправајќи се дека е мртов.

– Во тој момент не чувствував болка. Само слушав кога автомобилите (Хамас) требаше да заминат – рече тој.

Кога биле сигурни дека Хамас заминал, Пери и другите од засолништето излегле да побараат помош, а двајцата преживеани кои останале подоцна биле убиени.

Во градот, Пери видел дека „сите се мртви“.

– Видов девојки на кои им беа соблечени панталоните. Видов нож како виси на едното тело – изјавила Пери.

Сепак, засолниште нашол кај преживеаното семејство, каде што му помогнале пред да дојде лекарскиот тим.