Адмиралот на НАТО потврди: Подготовките за конфронтација со Русија почнаа! Големи сили пристигнуваат на руската граница! (фото)

Земјите членки на НАТО почнаа со подготовките за конфронтација со Русија и враќање на принципите на колективна одбрана од глобален противник од 2008 година, 14 години пред почетокот на војната во Украина, изјави претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер. Во своето обраќање на форумот за безбедност во Варшава, тој рече дека воените планови на Алијансата имаат 4.500 страници со содржина за тоа како да се спротивстави на Русија, пренесува ТАСС.

– Во суштина, она што се случи од 2008 година е дека во армијата почна да се работи за враќање на нашето размислување во колективна одбрана. Ова беше неопходно поради однесувањето на Русија кон Грузија во 2008 година и Украина во 2014 и 2022 година. А најголемата промена за НАТО беше да се подготви за сè поагресивен противник – рече Бауер, додавајќи дека поради тоа, во рамките на Алијансата, планираат промена на воената стратегија, што доведе до нови, подетални планови договорени на Самитот во Вилнус во јули.

Тој потсети дека НАТО распореди четири баталјонски борбени групи на Балтикот и Полска во 2015 и 2016 година, кои се подготвени брзо да се засилат со бригади доколку е потребно.

– Како резултат на она што се случи во Украина, решивме да создадеме уште четири групи на југ – Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија – рече тој.

Бауер додаде дека плановите на НАТО предвидуваат зголемување на бројот на силите на Алијансата на руските граници, „до 300.000 во првите 30 дена“.