ЈА ОСТАВИЛЕ САМА ТРИ ЧАСА -Трагедија на Флорида: Бебе починало во вжештено возило додека родителите биле во црква

Флорида е втората сојузна држава во САД по смртни случаи на деца во автомобили. Минатата година имало 36 смртни случаи на деца во вжештени автомобили во САД, а досега има шест во 2023 година.

11-месечно девојче починало откако родителите ја оставиле во жежок автомобил додека биле во црква во Флорида. Полицијата соопшти дека биле повикани во евангелистичката баптистичка црква Палм Беј околу 13 часот во неделата за бебе кое не давало знаци на живот. 

Детето било оставено во автомобилот околу 3 часа додека родителите биле на миса. Веднаш по пристигнувањето на итната помош била пренесена во болница каде била констатирана смрт. 

– Ова е несреќен инцидент, нашето сочувство и молитви се упатуваат до семејството – изјави началникот на полицијата во Палм Беј, Марио Ауџело, пишува Independent. Истрагата е во тек, а полицијата не соопштува дали против родителите ќе биде поднесена пријава. 

Инаку, Флорида е втора држава во САД по смрт на деца во автомобили. Минатата година имало 36 смртни случаи на деца во вжештени автомобили во САД, а досега има шест во 2023 година. 

– Најважно е луѓето да знаат дека тоа може да му се случи апсолутно на секого. Нема правило, рече Жан Фенел, претседател и основач на KidsAndCars.org.