ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БАРСЕЛОНА ГО ПОНИЖИ ЧАВИ – Направи нешто што досега е невидено во шпанскиот фудбал: Јавноста во шок, легендата под голем притисок

На барање на претседателот на клубот Жоан Лапорте, тренерот на Барселона во последен момент го променил составот на тимот за натпреварот од последното коло од Лигата на шампионите против белгиски Антверпен, пренесуваат каталонските медиуми.

Шпанските медиуми истакнуваат дека ова е своевиден преседан во Барселона, бидејќи не се памети дека некогаш се случило претседателот на клубот директно да се меша во работата на тренерот и да одлучува кои играчи ќе играат.

Имено, Чави Ернандез решил да ги одмори Роберт Левандовски, Роналд Араухо и Икај Гундоган. Тој имал во план овие играчи да не патуваат со тимот во Белгија, но неколку часа подоцна бил принуден да ја промени својата одлука. Жоан Лапорте наводно извршил притисок, му рекол на Чави дека тимот мора да биде најсилен, а Чави Ернандез попуштил.

Да потсетиме, Барселона веќе го обезбеди првото место во групата Х и натпреварот против Антверпен (вечерва во 21.00 часот) нема резултатско значење за шпанскиот тим.