Претседателот на фудбалскиот клуб влезе на теренот и го нокаутира судијата: Ваков удар ретко се гледа и во боксот, погледнете

Фарук Коџа, претседателот на турскиот фудбалски клуб Анкарагучу, по натпреварот против Ризеспор истрча на теренот и со страшен удар го нокаутира главниот судија на натпреварот Хамит Улул.

Несреќниот судија колабирал на теренот, додека помошниците побегнале пред разбеснетиот прв човек на домашните.

Во 97. минута Ризеспор дојде до израмнување од 1:1, што очигледно беше почетна точка за првиот човек на Анкарагучу да направи невиден скандал.

Не заврши тука, бидејќи навивачите по примерот на претседателот втрчаа во теренот и го тепаа судијата. Несреќниот турски судија отишол во болница со неколку модринки.