Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на ИНТЕРПОЛ и Генерален инспектор во Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, генерал-мајор Ахмед Насер Ал-Раиси.
На средбата се разговараше за соработката на Северна Макеоднија со ИНТЕРПОЛ, која годинава одбележува 30 години од членството во организацијата, соопшти кабинетот на шефот на државата.
![Пендаровски и Ал-Раиси](https://mia.mk/articles/images/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82%D1%87%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BA%D0%BD%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%85%D0%BC%D0%B5%D0%B4dHbTu/hc2uX2hdQ/large.webp?use_watermark=0)
Претседателот Пендаровски изрази поддршка за натамошно продлабочување на соработката со организацијата, во функција на глобалната безбедност и изрази уверување дека нашата држава ќе продолжи да дава придонес во меѓународната полициска соработка.
Претседателот на ИНТЕРПОЛ Ал-Раиси го информираше претседателот Пендаровски за клучните аспекти од 50. Европска регионална конференција на организацијата, што се одржа од 8 до 10 мај во Охрид.
На средбата беа разменети мислења за севкупниот развој на билатералните односи со Обединетите Арапски Емирати, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски