Претседателски избори во Индонезија

Во Индонезија повеќе од 200 милиони граѓани со право на глас утре ќе се изјаснат за еден од тројцата претседателски кандидати – еден поранешен армиски генерал и двајца поранешни гувернери.

Претседателски избори се сметаат за испит за демократскиот напредок на земјата по завршувањето на диктатурата на Сукарто пред 25 години.

Спроведувањето на избори е огромна задача во Индонезија. Покрај тоа што е четврта по големина земја во светот според населението, земјата опфаќа 17.000 острови и три временски зони. Изборите, едни од најголемите во светот, ќе ги обезбедуваат 25.000 полицајци.

Поранешен воен генерал и актуелен министер за одбрана Прабово Субианто третпат се кандидира за претседател. Тој е поранешен зет на покојниот диктатор Сухарто и е обвинет за киднапирање и тортура на продемократски активисти во доцните 90-ти од минатиот век.

Претседателски кандидат на владејачката Демократска партија на борбата е Ганјар Праново. Тој два мандата беше гувернер на Централна Јава, што му донесе голем број следбеници надвор од Џакарта.

Додека независен кандидат е поранешниот гувернер на Џакарта, Аниес Басведан, кој има силини врски со исламските политички групи.

Според анкетите Прабово можно е да биде избран уште во првиот круг од претседателските избори.