Претставници од Кабинетот на претседателот положија цвеќе по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката
По повод чествувањето на државниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, претставници од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, положија цвеќе на спомениците во Скопје, Крушево и Смилево.
Во Скопје, генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски, положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија, пред споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштад „Македонија“ и пред споменикот „Сила, Слава и Победа“ на тврдината Кале.
Во Крушево, претставник од Кабинетот на претседателот положи цвеќе на гробот на Никола Карев, пред споменикот на хероите на месноста „Слива“ и на Мечкин Камен.
Во Смилево, претставник од Кабинетот на претседателот положи цвеќе на Могилата на Даме Груев, пред споменикот на смилевските илинденци и пред спомен-плочата на партизанскиот одред „Даме Груев“.