ПРИВАТНИ МОМЕНТИ НА КEЈТ Мидлтон И ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Погледнете како изгледаше крунисувањето на кралот Чарлс ЗАД СЦЕНАТА (ВИДЕО)

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не пропуштија да го одбележат крунисувањето на кралот Чарлс III и кралицата Камила на нивниот официјален профил на Инстаграм .

Принцот и принцезата од Велс објавија приватна снимка на која се гледа што се случува зад сцената на церемонијата, која ја следеа гледачи ширум светот.

Така, на почетокот на видеото, можеме да го видиме тато Вилијам како излегува од нивниот дом со принцезата Шарлот и принцот Луис до автомобилот што ги однесе во Вестминстерската опатија, сите изгледаат возбудено и среќно. Потоа наизменично се менуваат снимките од официјалната церемонија, каде што можеме да ги видиме принцот и принцезата како мавтаат од автомобилот, кралот и кралицата пред крунисувањето и целото кралско семејство собрани на познатиот балкон на Бакингемската палата.

„Каков ден. Ви благодариме на сите што овозможија крунисувањето да се случи “, напишаа тие во описот на видеото.

„Ви благодариме што го споделивте ова видео“, „Прекрасно семејство од Велс“, „Едвај го чекам денот кога Вилијам и Кејт ќе станат крал и кралица“, се само дел од многуте позитивни коментари кои ги добија.

Кралската двојка на Инстаграм потоа сподели и снимка од големиот концерт за кралот Чарлс , кој се одржа на имотот Виндзор, и каде ги земаа и нивните деца, но овој пат принцот Луис остана дома, а на принцезата Шарлот и се придружи нејзиниот постар брат принцот Џорџ.

Пред осветлената позадина на замокот настапија бројни врвни музичари, меѓу кои и Лајонел Ричи, како и Андреа Бочели и велшката оперска ѕвезда Брин Терфел. Се појавија и популарните цртани ликови Мис Пиги и Кермит жабата, подоцна пееја поп ѕвездите Кети Пери и Тајк Дет, меѓу другите. Холивудската ѕвезда Том Круз, актерката од династијата Џоан Колинс, телевизискиот водител Бер Грајлс и пејачот Том Џонс се огласија со видео пораки.