Приведени двајца малолетници од Тетово поради кражба од патничко моторно возило 

МВР соопшти дека ноќеска околу 03.10 часот во Тетово полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници кои претходно биле пријавени дека извршиле кражба во патничко моторно возило BMW со тетовски регистарски ознаки кое било паркирано на улица „Христо Антовски“ во Тетово.

Возилото е пронајдено и вратено на сопственикот Ф.Б. (32 г.) од Тетово.

Според МВР, по целосно документирање на случајот против малолетниците ќе биде поднесена соодветна пријава.