Приведени двајца прилепчани кои биле фатени како “оперираат“ во село во Велес

Двајца прилепчани биле приведени при кражба во велешко село, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Синоќа во 22.30 часот во село Мартолци, полициски службеници од Одделение за крим полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Б.Н., на возраст од 33 години и А.С., на 31-годишна возраст, двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати од страна на полициски службеници при кражба во куќа во селото“, наведуваат од МВР.

Б.Н. и А.С. биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.