ПСЖ ја одреди цената, шест клуба како можна дестинација

ПСЖ сака по секоја цена да се раздели со Килијан Мбапе ова лето за да избегне ситуација играчот да си замине како слободен агент на крајот на сезоната.

Шпанска „Марка“ како можни дестинации за Мбапе посочи шест клуб, а прв на листата е секако Реал Мадрид.

Реал е првиот избор и за Мбапе, но „кралевите“ немаат намера да плаќаат обештетување ова лето и сакаат да го донесат следната година како слободен агент.

Најсилен е интересот на клубовите од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Челзи се спремни да платат колку што е потребно за да го доведат Мбапе во своите редови.

Интерес покажува и Ал-Хилал, но Мбапе одбива да се пресели во Саудиска Арабија и сака да остане во Европа.

„Марка“ како единствен клуб од Серија А го посочува Милан, бидејќи Мбапе се декларира како фан на „росонерите“, но италијанскиот клуб нема финансиска моќ за ваква трансфер операција.

„Екип“ пренесе дека ПСЖ е спремен да го продаде Мбапе за сума помеѓу 100 и 150 милиони евра.