Две лица од Скопје се приведени бидејќи при претрес во нивните домови пронајдени се оружје и дрога.
Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека приведени се А.И.(26) и С.С.(32).
При претрес во домот на А.И. пронајдени се една автоматска пушка со оптички уред, рамка за автоматска пушка со 28 куршуми во неа, девет електронски уреди со магнет, три дигитални камери, два електронски уреди и две ќеси со растителна материја, додека во домот на С.С. пронајдени се една автоматска пушка со рамка со куршуми, автоматски пиштол со рамка со куршуми, пригушувач, кутија со 32 куршуми 7,62мм, нож и ќеса со бела прашкаста материја.
Во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.