НА ШВЕДСКА И СЕ ЗАКАНУВА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД !? Безбедносните слжуби го вклучија алармот – властите сметаат дека постои конкретна закана од напад поради палењето на Куранот

Шведска ќе ја подигне тревогата за тероризам на второ највисоко ниво, објави во четвртокот дневниот весник Dagens Nyheter, по палењето и обезличувањето на Куранот, што предизвика жесток отпор кај муслиманите.

Безбедносната служба САПО планира да го подигне нивото на тревога од 3 на 4, што значи дека постои конкретна закана од напад, пишува споменатиот весник. 

САПО ќе одржи прес-конференција за националната безбедност подоцна во четврток.

Велика Британија и САД ги предупредија граѓаните да не патуваат во Шведска поради можни терористички напади поради протестите во таа земја и во соседна Данска поради палењето и оштетувањето на копии на Куранот од страна на антиисламски активисти.

Шведска и Данска се меѓу најлибералните земји во светот и долго време дозволуваат остри критики на религиите. Муслиманите сметаат дека сквернавењето на Куранот, за кое веруваат дека е Божјото слово дадено на пророкот Мухамед од ангелот Габриел, е тежок прекршок достоен за строга казна.