Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар синоќа околу 21.45 часот во гостиварското село Неготино, ги лишиле од слобода 27-годишниот Ф.Х. и уште еден малолетник од ова село.
Тие се осомничени дека на 08 март 2023 година извршиле тешка кражба во магацин на стоматолошка ординација во селото, сопственост на И.Х. (62).
Како што денеска информираа од МВР, кај Ф.Х. биле пронајдени и одземени дел од предметите кои потекнуваат од кражбата.
Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни пријави