Приведени новинари во Москва за време на митинг на сопруги на руски војници кои се борат во Украина

– Руската полицијата денеска привела најмалку 20 новинари за време на митинг организиран на Црвениот плоштад во Москва од сопруги на руски војници кои се борат во Украина, со барање нивните мажи да се вратат дома, пренесува БТА.

Агенцијата Франс прес објави дека меѓу приведените е и нејзин снимател. Тој изјавил дека заедно со него биле приведени 20-25 новинари, меѓу кои и странци, кои со  полициско комбе се однсени во полициска станица во Москва.