Четири лица се приведени за вандализирањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград кое се случи на 4 февруари, јавува Нова. бг повикувајќи се на свои извори.
Како што пренесува порталот, станува збор за две жени и двајца мажи и тие моментално се во притвор.
Според информациите на порталот, по полициската акција во Благоевград, министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев разговарал со македонскиот колега Оливер Спасовски и ги повикал македонските органи на прогонот да ја завршат работата за дефинитивно идентификување на напаѓачите на Христијан Пендиков.