Приведено лице од тетовско за издржување на затворска казна

Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишија од слобода А.К.(36) од селото Глоѓи, тетовско. Тој бил баран по издадена судска наредба, затоа што е осуден на казна затвор во траење од една година и шест месеци.

Како што информираат од МВР, тој бил баран поради сторено кривично дело казниво по чл.300 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено и спроведено во Казнено поправна установа Затвор – Тетово за издржување на казната.