Теа Таировиќ не го испочитува договорот: Цело време бев со неа, рече дека нема потреба да ми плати… (фото)

Теа Таировиќ веќе неколку години е на врвот на балканската естрада како пејачка со најголем број настапи и најголема сума на своето конто.

Меѓутоа, пред да се лансира меѓу ѕвездите, таа навистина немала пари за високобуџетни видеа и се снаоѓала како што знаела. Теа немала пари да и’ плати прекувремена работа на фризерката која и’ ја средила косата за спотот на „Долче Габана“, па и’ го одземала хонорарот.

– Ми се јави сопственикот на фризерскиот салон во кој работев тогаш и ми рече да ѝ направам спот на Теа Таировиќ во вечерните часови. Се договоривме за ангажманот за времето што беше планирано и ако случајно останам подолго од тоа, Теа ќе ми плати дополнителен хонорар. Прифатив и отидов на работа. Цело време бев со неа, бараше како и обично, но веќе бев информирана за тоа. Времето отчукуваше и веќе бевме неколку часа повеќе од она што го договоривме. Снимањето траеше до четири часот наутро. Кога сè заврши, ја прашав за прекувремена работа, а таа ми рече дека не се договорила така со сопственикот на салонот и дека нема потреба да ми плати повеќе – рече фризерката.

– Тогаш контактирав со сопственикот на салонот и тогаш почна хаосот. Тој бараше од Теа да ми плати 50 евра за прекувремена и ноќна работа, а таа одби. После тоа се скарале, па тој прекинал секаков контакт со неа. Сопственикот на салонот на крајот ми ги плати парите и ми се извини за непријатностите што ги доживеав тогаш – изјави фризерката.