Полициски службеници вчера уапсиле гостиварец баран со централна потерница за издржување на петгодишна затворска казна.
-Вчера околу 15:40 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле Е.А.(37) од Гостивар. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на петгодишна затворска казна за извршено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат оттаму, лицето било спроведено во затворот Идризово во Скопје за издржување на казната.