Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола денска извршија претрес на улица „Ваташа” во Битола во дом и простории кои ги користи Г. Т. (41), при што пронајдени се предмети кои биле одземени при извршено кривично дело тешка кражба.
Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, лицето е приведено, а пронајдените предмети се вратени на сопственикот. По документирање на случајот, против Г.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.