МВР информира дека вчера во 15.50 часот во струмичкото село Баница, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода скопјанецот Е.Х. (32).
– Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд – Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на казната.