Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера, во 20:55 часот на булеварот „Трета македонска бригада”, го лишиле од слобода М.М. (43) од Скопје.
Според МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „кражба” по член 235 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.