– Полициски службеници од ОВР Македонски Брод денеска во близина на село Суводол, Македонски Брод го лишиле од слобода Т. Б.(53) од Штип поради основи на сомнение дека извршил тешки кражби во црквата „Св. Димитрија“ во село Требино и црквата „Св. Пречиста“ во село Русјаци, Македонски Брод.
Како што соопшти МВР, за Т.Б. била распишана и централна потерница од КПУ-Затвор Струмица за доиздржување на затворска казна за извршени тешки кражби.
Тој во целост ги признал кривичните дела и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а спроведен е во КПУ Затвор Струмица.