Салах повика на поддршка на Газа: „Ова мора да се запре“

– Мухамед Салах, фудбалер на египетската репрезентација и на англискиот Ливерпул, повика на поддршка за жителите на Газа.

Тој го сподели видеото на своите профили на социјалните мрежи, наведувајќи дека не е лесно да се зборува во вакви времиња.

„Има толку многу бруталност и срцепарателно насилство. Многу е лошо да се сведочи на тензиите од минатата недела. Сите животи се свети и мора да бидат заштитени. Ова мора да престане. Семејствата се одвоени едни од други. Мора да се дозволи хуманитарната помош да дојде до Газа. Луѓето таму се во многу лоша состојба“, изјави Салах.

Обраќајќи им се на светските лидери, 31-годишниот фудбалер рече: „Сцените во болницата беа многу застрашувачки. На народот во Газа му треба вода, храна и медицинска поддршка. Ги повикувам сите светски лидери да се здружат за да спречат понатамошни убиства на невини луѓе. Човештвото мора да победи.“

Рами ен-Назар, извршен директор на египетската Црвена полумесечина, која е фокусирана со помошта за Појасот Газа, претходно изјави дека Салах им помогнал на Палестинците.

„Мухамед Салах донираше средства за палестинскиот народ“, рече Назар, додавајќи дека ова не е чудна ситуација за Салах и дека не е првпат да го прави тоа внатре или надвор од Египет.