Приведен малолетник кај кого е пронајдена марихуана

– Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје денеска на подрачје на Влае лишиле од слобода малолетник од скопско, кај кого е најдена и одземена кеса со марихуана. 

Полицијата соопшти дека малолетникот бил приведен во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.