ПРИГОЖИН ПОДГОТВЕН ДА ГИ ЖРТВУВА?! „Ако групата Вагнер умре во мелница за месо и ги (по)влече со себе Украинците…

Битката за Бахмут влегува во најтешката фаза досега

Основачот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин го објасни значењето на битката за Бахмут.

– Битката за Бахмут беше планирана минатото лето и планираме да одиме по тој пат –  изјави Пригожин, пренесува Телеграм каналот на компанијата Конкорд.

Според него, за време на борбите, украинската армија практично била уништена. Во исто време, тој призна дека „за жал, оваа битка му нанесе значителна штета и на Вагнер“. Сепак, Пригожин нагласи дека ако Вагнер победи во битката против вооружените сили на Украина, тогаш тоа ќе биде најголемото достигнување во историјата, „ бидејќи само руската армија ќе остане на шаховската табла, сите други фигури ќе бидат отстранети“ .

– Ако групата Вагнер загине во мелницата за месо во Бахмут и ги (по)влече со себе вооружените сили на Украина и странското оружје, тоа ќе и овозможи на руската армија да оди понатаму и да ги брани интересите на Русија. Тогаш ќе ја исполниме нашата историска мисија и ќе можеме да и ставиме крај –  рече Пригожин.