Пригожин потврди: Вагнер го контролира целиот источен дел на Бахмут, Украинците хаотично се повлекуваат

Евгениј Пригожин, основачот на паравоената формација „Вагнерска група“, која се бори во Украина, тврди дека целиот источен дел на градот Бахмут, околу кој се водат силни конфликти, е под руска контрола.

„Единиците на Вагнер го окупираа целиот источен дел на Бахмут. Сè источно од реката Бахмутка е целосно под контрола на силите на Вагнер“, објави Пригожин на Телеграм, пренесува РИА Новости.

Еден ден претходно, прорускиот функционер во самопрогласената Народна Република Доњецк, Јан Гагин, објави дека руските сили контролираат речиси половина од Бахмут.

Според него, помали групи украински војници хаотично се повлекуваат по селските патишта.

Бахмут се наоѓа во делот на Украина под контрола на Киев, северно од големиот град Горловка и е важен транспортен центар за снабдување на украинските војници во Донбас.