Прилепски земјоделци се на мака-не можат да извадат документи од ПИОМ за да аплицираат за државно земјиште

Земјоделци од Прилеп до реданцијата на Зелена берза реагираат дека аплицирале на повикот за доделување државно земјоделско земјиште до 3 хектари, но сега имаат проблем со ПИОМ.

„Целата потребна документација ја собравме и геодетски елаборати направивме за парцелите и имавме трошоци од 300 до 400 евра и не можеме да завршиме работа и покрај изгубено време и чекање по шалтери.

Проблемот е сега во ПИОМ кој не ни издава декларации за пензиско за 2023 година и не можеме да си платиме придонеси и да извадиме уверение за платени придонси и даноци од УЈП, а ни остануваат уште три дена“, тврдат прилепски земјоделци за нашиот портал кои сакаа да останат анонимни.