Британската принцеза Ана, сестра на кралот Чарлс, претрпе „лесни повреди и потрес на мозокот“ по инцидентот во нејзиниот имот во Геткомб парк синоќа и моментално е во болница, соопшти Бакингемската палата.
„Принцезата Ана претрпе полесни повреди и потрес на мозокот по инцидентот во Gatcombe Park Estate вчера вечерта“. „Нејзиното кралско височество останува во болницата Саутмед во Бристол како мерка на претпазливост за набљудување и се очекува целосно и брзо закрепнување“, соопшти палатата.
„Нејзиното кралско височество останува во болницата Саутмед во Бристол како мерка на претпазливост за набљудување и се очекува целосно и брзо закрепнување“, се вели во соопштението.
Исто така, се вели дека кралот Чарлс бил информиран за нејзината состојба.