Принцот Хари повторно го нападна кралското семејство: Лежев на подот и никој не ми помогна

Во НОВИОТ документарец на Нетфликс Heart of Invictus, принцот Хари повторно го нападна кралското семејство, обвинувајќи го за запоставување кога се вратил од Авганистан.

Во 2008 година, војводата од Сасекс се вратил од воена мисија, но наводно немал никој во семејството да му помогне да се справи со траумите што ги доживеал. “За жал, како и многумина од нас, првиот пат кога размислувате да одите на терапија е кога лежите на подот во фетална положба, посакувајќи да се справите со вашите проблеми порано. И тоа е нешто што сакав да го сменам” рекол Хари.

Новиот документарец кој од денеска е достапен на Нетфликс (засега само во Америка) на Хари и Меган им донесе вртоглави 80 милиони долари заработка, а се состои од пет епизоди. Во него, Хари се претстави како татко на две деца, сопственик на куче, сопруг и покровител на фондацијата Invictus Games, фондација која им помага на воените ветерани во нивното психолошко закрепнување.

И во оваа прилика нагласи колку е тешко да се справи со смртта на неговата мајка на 12-годишна возраст: „И тогаш немав поддршка. Ниту семејство, ниту стручњаци кои би можеле да ме советуваат и да разјаснат што се случува со мене“. рекол Хари.

Принцот Хари и Меган Маркл имаат големи надежи за успехот на нивниот нов документарец откако нивниот профитабилен подкаст на Spotify беше откажан во јуни, а серијата Хари и Меган не ги доби позитивните критики на кои се надеваа.