Принцот Хари, војводата од Сасекс, помладиот син на кралот Чарлс III, итно отпатувал од Америка во Велика Британија за да биде со својот татко, кому му е дијагностициран рак.
Да потсетиме, Бакингемската палата вчера излезе со соопштение во кое се наведува дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак, но не е прецизирано од кој рак боледува кралот.
Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс лично ги известил своите синови Вилијам и Хари дека е болен, како и неговата сестра и браќата, пред светската јавност да стане свесна за болеста.
Хари откако дознал дека татко му е болен, синоќа итно организирал патување и полетал од Лос Анџелес, а како што пренесуваат медиумите пристигнал во Лондон.
Војводата од Сасекс денеска пристигнал во Лондон околу ручек, а наводно веднаш тргнал да го види својот татко, кој моментално се наоѓа во Кларенс Хаус.
Извор близок до принцот Хари потврдил дека Хари лично разговарал со својот татко за ужасната дијагноза и дека веднаш било одлучено да отпатува во Велика Британија за да се види со неговото височество.
Хари, изгледа, пристигнал сам во Лондон, а неговата сопруга Меган Маркл останала со нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет во Америка.
Со оглед на тоа што принцот Хари „ја напушти“ Америка за да се види со својот татко, се верува дека тие двајца конечно ќе се вратат заедно по години многу ладни односи.
Хари, како што е познато, има проблематичен однос со неговиот татко, иако тие остануваат во контакт, но неговиот долгогодишен раскол со принцот од Велс продолжува.
Според Хари, Чарлс ги молел своите синови за време на напната средба по погребот на војводата од Единбург.
„Ве молам, момци. Не ми ги загорчувајте последните години“, наводно рекол кралот.