ПРИНЦОТ ХАРИ СО УЛТИМАТУМ ДО КРАЛОТ: „Беше подготвен да замине за неколку секунди доколку не му се исполни барањето“

Принцот Хари се сретна со својот татко Чарлс во Лондон минатиот вторник. Тој се упати кон Британија по веста дека британскиот монарх боледува од рак. Средбата не траеше долго, а сега се откриваат нови детали кои кажуваат многу за односот кој принцот го има со кралицата Камила, која во своите мемоари објавени минатата година ја нарече негативка. Тоа е всушност она што може да се нарече ултиматум и во голема мера го опишува односот помеѓу таткото и синот.

Принцот Хари не сакаше да биде во иста просторија со кралицата кога разговараше со својот татко, кралот Чарлс III во неговата резиденција Кларенс Хаус во Лондон.

Пишувајќи за Телеграф, пријателката на Камила и британска новинарка Петронела Вајт рече: „Хари не сакаше да биде во иста просторија со својата маќеа кога зборуваше со кралот за неговата дијагноза рак“.

Хари за кралицата Камила

Средбата меѓу таткото и синот, според некои извори, траела околу 30 или 45 минути. Не е тајна дека Хари и Камила имаат проблематични односи откако војводата во своите мемоари „Spare“ напиша дека неговата маќеа објавува приказни за кралското семејство во медиумите за да го подобри нејзиниот имиџ.

Ја опишал и како „опасна“ и „негативец“ и истакнал дека го „жртвувала“ за да си ја подобри репутацијата.

Хари не го видел својот татко од минатиот мај и од крунисувањето на Чарлс и Камила во Лондон. Тој остана многу кратко во Британија и набрзо се упати дома, односно во Америка, каде веќе неколку години живее со сопругата Меган Маркл и нивните деца Лилибет и Арчи.

Чарлс бил разочаран од портретот на кралицата Камила во книгата на неговиот син, објави Телеграф.

-Имам измешани чувства за мојата маќеа која неодамна ме жртвуваше поради нејзиниот личен ПР – пишуваше Хари во книгата.

Хари откри и дека тој и неговиот брат Вилијам го молеле нивниот татко да не се ожени со Камила бидејќи се плашеле да не добијат злобна маќеа.

За потсетување, кралот и кралицата се во брак од 2005 година, Чарлс претходно беше во брак со принцезата Дијана, мајката на Хари и Вилијам, која јавно кажа дека нејзиниот сопруг ја изневерил со Камила, односно дека имало „три лица „Во нивниот брак. Бракот на кралот и во тоа време принцот од Велс и Лејди Ди официјално траеше од 1981 до 1996 година. Една година подоцна, таа загина во сообраќајна несреќа во Париз, а почина и нејзиниот вереник Доди ал-Фајед.

„Таа се мешаше во бракот на моите родители“
Хари, исто така, зборуваше негативно за Камила минатиот јануари во емисијата „CBS News 60 Minutes“ на Андерсон Купер.

Чарлс Трети пред две недели беше опериран во приватна болница во Лондон, каде му беше дијагностициран рак.