Припадниците на претседателската гарда на Нигер го држат претседателот Базум во палатата, тврдат безбедносни извори
Припадниците на претседателската гарда на Нигер го држат претседателот Мохамед Базум во претседателската палата во главниот град Ниамеј, која изутрината ја блокираа, јавија британските медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори.
Според изворите, блокиран е и пристапот до министерствата покрај палатата.
Весникот „Жан Африк“, повикувајќи се на воен извор во регионот, наведува дека Базма држи „непознат број бунтовници“ во палатата. Друг извор близок до претседателот изјави дека Базум е „безбеден и здрав“ и дека сега „преговара“ со армијата.
Извор близок до шефот на државата за францускиот весник „Монд“ изјавил дека Базум и неговата сопруга се во резиденцијата.
Тој извор посочува дека „не се зборува за државен удар“ и дека тензиите се предизвикани од „проблем поврзан со претседателската гарда“.
Весникот пишува дека претседателската гарда ја предводи генералот Омар Чиани, кој служеше под поранешниот претседател на Нигер, Махамаду Исуфу. Базум го остави Чиани на функцијата откако дојде на власт. Медиумите објавија дека претседателот во последните денови размислувал да го испрати генералот во пензија.