Природната вијагра, за која многумина не ни слушнале – не само што прави чуда за сексуалниот живот, туку ја подобрува и меморијата

Оваа моќна состојка е дел од секојдневната исхрана на многу познати личности

Актерката Џенифер Анистон и моделот Миранда Кер се само едни од многуте познати личности кои ги препознаа здравствените придобивки од растението мака и го користат во секојдневните оброци како смути и колачи.

Што е сепак мака и за што е корисна?

По потекло од Андите, денешниот регион на јужноамериканските држави Боливија и Перу, лековитата билка мака, позната и како перуански женшен, расте на надморска височина до 4400 метри. Според легендата, нејзините лековити својства биле користени од племето Инки за подобри перформанси на нивните воини во битките. Исто така, високо котира на листата на природни афродизијаци, поради што многумина ја нарекуваат природна вијагра. Помага при ПМС, нередовна менструација, менопауза и полицистични јајници. Традиционално, маката се користи како храна и како природен лек за лекување на респираторни и ревматски заболувања. Од бројните наведени придобивки од оваа суперхрана, подетално ќе ги издвоиме овие:

  1. Го зголемува либидото

Најозборуваната придобивка од додавањето мака во вашата исхрана е нејзиниот потенцијал да го зголеми либидото. Истражувањата покажуваат дека секојдневното консумирање на оваа суперхрана може да направи чуда во спалната соба. Едно истражување од 2002 година покажало дека мажите кои земале 1,5 g или 3 g на ден имале поголем сексуален нагон од оние кои примале плацебо. Два други извештаи кои се појавија по истражувања направени во 2010 година покажале значителна позитивна промена во сексуалната желба и кај мажите и кај жените. Неодамна пак, во 2020 година, научниците од Шпанија открија дека земањето 2 g мака секој ден во текот на 12 недели значително го подобрува производството на сперма.

  1. Ја намалува еректилната дисфункција

Иако доказите се ограничени, некои истражувања сугерираат дека мака, исто така наречена перуански женшен, може да биде корисна за луѓето со еректилна дисфункција. Студијата направена на стаорци покажала дека по 15 дена од земањето на животните, тие го зголемиле сексуалното однесување и ги подобриле перформансите. Друга студија го истражувала ефектот од консумирање 2,4 g корен од мака дневно за три месеци. Оние кои земале додаток доживеале значително зголемување на сексуалната благосостојба во споредба со оние кои земале плацебо.

  1. Ја зголемува енергијата

Некои научници сметаат дека маката, зеленчук од фамилијата на брокула, карфиол, зелка или кељ, може да обезбедат мега поттик на енергијата – слично на кофеинот. Во 2016 година, тим од Перу открил дека 12-неделна конзумација ги подобрила нивоата на енергија повеќе, во споредба со плацебо групата. Не е сосема јасно зошто, но некои веруваат дека тоа може да се должи на стабилизирање на шеќерот во крвта. Поради количеството на витамини од групата Б и железо кое го содржи и маката, познато е дека помага во одржување на енергијата подолго време и се бори со замор.

  1. Го подобрува расположението

Се вели дека маката е адаптогена билка, што значи дека му помага на телото да се прилагоди или да се спротивстави на анксиозноста, стресот и депресијата. Содржи флавоноиди, односно група природни хемикалии познати по нивните антиоксидантни ефекти. Се смета дека тие го подобруваат расположението и ја намалуваат анксиозноста и депресијата. Нема многу студии кои конкретно се фокусираат на мака, но едно од 2015 година откри дека може да ги намали симптомите на депресија кај постменопаузалните жени во Кина, додека друго открило намалување на чувствата на анксиозност.

  1. Ја подобрува меморијата

Студија од 2011 година откри докази дека маката може да ја подобри меморијата и учењето кај глувците. Прегледот три години подоцна го заклучи истото, сугерирајќи дека оваа билка може да помогне во лекувањето на Алцхајмеровата болест во иднина.

  1. Го намалува крвниот притисок

Има малку докази, но некои експерти веруваат дека маката може да помогне во намалувањето на крвниот притисок. Истата студија која покажа дека маката ја намалува анксиозноста, исто така, покажа дека три грама мака во прав дневно за три месеци го намалуваат крвниот притисок.

  1. Ги намалува симптомите на менопауза

Истражувачите од Универзитетот Бејлор во Вако, Тексас, откриле дека маката помага во ублажување на некои симптоми, вклучувајќи топли бранови и нарушувања на спиењето. Посебна студија од тимови во Полска и Австралија покажа дека ноќното потење исто така може да се намали.

Нутри придобивки

Маката содржи околу 15 g протеини на 100 g – приближно исто како и ракчињата и повеќе од грчкиот јогурт и урда. Таа е богата со железо, витамин Б2, влакна, калциум и цинк – витамини и минерали одлични за умот, телото и кожата. Има сладок, малку јаткаст вкус, што е совршена состојка за разни смути, шејкови и каши. Достапна е во многу форми, вклучувајќи капсули и прашоци кои лесно се земаат. Како и со сите додатоци, се препорачува да се консултирате со лекар пред да одлучите да ја козумирате.