ПРИРОДНА КАТАСТРОФА – Милиони мртви риби ја поплавија реката, жителите шокирани од глетката: “Смрдеата е неподнослива…“ (фото/видео)

Жителите на австралискиот град Менинди биле шокирани од глетката на милиони мртви риби во реката Дарлинг-Бака, објави BBC.

Смртта на риби од големи размери беше забележано во петокот наутро во крајниот запад на Нов Јужен Велс и град со околу 500 жители.

Државните речни власти соопштија дека изумирањето на рибите било резултат на топлотниот бран што ја зафатил реката Дарлинг-Бака, која е дел од најголемиот речен систем во Австралија.

Мештаните велат дека ова е најголемата рибна катастрофа што го погодила градот досега, иако истата глетка ја доживеале и пред три години.

Локалниот жител на МениндиГрем Меккраб, го опиша феноменот како надреален. Заедно со своите сограѓани, очекува состојбата дополнително да се влоши, бидејќи рибите кои моментално се распаѓаат го цицаат кислородот од водата што им е потребен на преостанатите живи риби.

Можете само да замислите да ја оставите рибата да скапува во кујната, со затворена врата и без клима. Е те така, ние имаме милиони од нив“, се пожали Меккраб за новинарите на BBC.

Менинди, Австралија

Тој кажак и дека локалното население се потпира на речната вода за миење и туширање, па затоа стравува дека луѓето повеќе нема да можат да ја користат водата за основни потреби.

Тоа е само срамно“, додал Меккраб.

Одделот за примарни индустрии на Нов Јужен Велс соопшти дека топлотниот бран дополнително го оптоварил системот, кој доживеал екстремни услови поради големите поплави, и дека ќе работи со федералните агенции за да ги пронајдат основните причини за смртните случаи.

Управата за тој регион на Мареј Дарлинг соопшти дека земјоделството, индустриите и заедницата користат вода од речниот систем што резултира со помалку вода што тече низ реката.

Областа околу овој речен систем е подложна на екстремни временски услови и има многу променлива клима што ја истата прави ранлива на пожари и суши, а во сабота се очекува температурите да достигнат до 41 Целзиусов степен.

Планот од 13 милијарди австралиски долари беше спроведен во 2012 година со цел да се врати реката на поздраво ниво и да се запре сушењето.