ПУТИН ГО НАПУШТИ КРЕМЉ !? Претседателот на Русија замина на Крим, еве ги деталите! (видео)

Претседателот на Русија, Владимир Путин го посети анектираниот полуостров Крим по повод девет години откако Русија го зазеде.

Руската државна телевизија прикажа кратка снимка од лежерно облечениот Владимир Путин како шета со група официјални лица и најави дополнителни детали за настанот наскоро, објави Reuters.

Ова е прв пат Владимир Путин да биде виден во јавноста откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател, обвинувајќи го дека е одговорен за воените злосторства извршени во Украина.

Русија го зазеде полуостровот Крим во 2014 година, осум години пред да ја започне својата целосна инвазија на Украина.

Украина вели дека ќе се бори да ја исфрли Русија од Крим и сите други територии што Русија ги окупираше во едногодишната војна.