Истражувањата открија значителна количина на метали и минерали – од бакар до ретки метали – на морското дно на продолжениот континентален гребен на Норвешка.
Властите првпат ги објавија резултатите од истрагата. Ова е земја која веќе е главен извозник на нафта и гас, а сега размислува да дозволи експлоатација на природните ресурси во крајбрежјето. Парламентот е тој што треба да одобри експлоатација, а некои се загрижени за животната средина. Неопходно е да се изврши експлоатација на големи длабочини. „Од металите пронајдени со истражување на морското дно, станува збор за магнезиум, ниобиум, кобалт и метали од ретки земји кои се на списокот на критични минерали на Европската комисија“, соопшти Норвешката управа за нафта (НПД), која го спроведе истражување.
Истражувањето кое ги опфати оддалечените области на Норвешкото и Гренландското Море, утврди дека има 38 милиони тони бакар, што е двојно повеќе од вкупната количина на бакар што се експлоатира во текот на годината. Покрај тоа, 45 милиони тони цинк се пронајдени во полиметални сулфиди. Сулфидите или „црните пушачи“ се наоѓаат на средината на океанот каде магмата од земјината обвивка допира до морското дно на длабочина од 3.000 метри.
Се проценува дека Норвешка има 24 милиони тони магнезиум, 3,1 милиони тони кобалт и 1,7 милиони тони цериум – метал од ретка земја што се користи во легурите. NPD нагласи дека скапите, ретки минерали како неодимиум и диспрозиум се исклучително важни за магнетите во турбините на ветер и моторите на електричните возила. Сепак, активистите за заштита на животната средина во Норвешка бараат истражувањето да не продолжи додека не се утврди како експлоатацијата ќе влијае на животната средина. Се посочува дека на тоа подрачје може да има неоткриени видови, пренесува Ројтерс.