Пристигнаа резлутатите од обдукцијата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски: Од шестмината осомничени за бруталните убиства, само тројца го признаа делото

По повеќе од две недели пристигнаа резултатите од обдукцијата на брутално убиените Вања Ѓорчевска (14 г.) и Панче Жежовски (74 г.), но резултатите се уште не се објавени јавно.

Обдукцијата ја изврши Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. Во исто време истрагата продолжува со полн интензитет.

Вања Ѓорчевска
Вања Ѓорчевска

Од шестмината осомничени за овој грозоморен настан што ја покри Македонија во црно, како и за помагачите во бегството на првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо, само тројца ја признаваат вината пред обвинителот и полицијата за вмешаноста во убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Станува збор за Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои освен пријатели на осомничениот Палчо, му биле и другари од партијата Десна, кои први беа уапсени, а токму тогаш започна целиот расплет.

За помагање во киднапирањето на малолетната Вања Ѓорчевска е осомничен и Александар Ѓорчевски, таткото на девојчето, кој според Обвинителството споделил информации за времето на движење на неговата ќерка. 

Обвинет е и Стефан Димковски, бидејќи се сомнева дека токму тој му помогнал на Љупчо Палевски – Палчо да успее да побегне од Белград (Србија), преку Бугарија до Турција, каде што и беше уапсен и во моментот се наоѓа во екстрадиционен притвор.

Сите осомничени освен Љупчо Палевски – Палчо се во истражниот притвор „Шутка“ во Скопје.

Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, кои беа пријавени за исчезнати на 27. и 24. ноември, на 3. декември беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

За првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо чека екстрадиција од Турција.