Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против Ковид-19, вкупно 11.520 дози, а во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови.
– За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против Ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом. Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во поликлиника „Бит Пазар“, се наведува во денешното соопштение на Министерството.
Како што се појаснува, вакцините се наменети за возрасни и адолесценти над 12 години.
Од Министерството потсетуваат дека вакцинацијата претставува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението од заразни заболувања.
– Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со Ковид-19, потенцираат оттаму.