Пристигнува и реакцијата на американскиот државен секретар за рускиот напад на Суми, Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио даде изјава во врска со рускиот напад врз градот Суми, изразувајќи сочувство за жртвите од нападот.

„САД го изразуваат нашето најдлабоко сочувство за жртвите од денешниот ужасен руски ракетен напад во Суми“, напиша Рубио на социјалните мрежи, според Телеграф.

Американскиот државен секретар додаде дека денешниот напад служи како „трагичен потсетник“ зошто претседателот Доналд Трамп и неговата администрација „вложуваат толку многу време и напор за да се стави крај на оваа војна и да се постигне траен мир“.

Како што беше претходно објавено, на 13 април руските сили го погодија центарот на Суми со две балистички ракети.

А според Државната служба за вонредни состојби, бројот на загинати од рускиот ракетен напад се искачи на 34, со 117 повредени, меѓу кои 15 деца.

Претходно во неделата, американскиот специјален пратеник за Украина и Русија, Кит Келог, изјави дека денешниот руски напад врз цивилни цели во Суми на Цветници „ја преминува секоја можна граница“.