Приштина ослободи четворица Срби уапсени во Бањска

Четири лица кои беа уапсени по настаните во Бањска се ослободени, јавуваат косоврските медиуми.

Специјалното обвинителство во Приштина потврди дека лицата кои беа уапсени биле далеку од местото на инцидентот, кога дошло до конфликтот во Бањска меѓу косовската полиција и Србите, денес се ослободени во отсуство на докази од полицијата, пренесува Зери.

– Четири лица, кои беа уапсени за време на акцијата на косовската полиција, во селото Бањска во општина Звечан, далеку од местото на настанот, вчера (26.09.2023 година) беа ослободени од Специјалното обвинителство на Република Косово, во отсуство на докази од косовската полиција – потврдија од Обвинителството.