ПРИЈАТЕЛИ СЕ СЛИКАЛЕ НА ИСТО МЕСТО 40 ГОДИНИ! Првата фотографија е направена во 1982 година, а поради едно тие се НАЈСРЕЌНИ
Пет пријатели се сликале на исто место цели 40 години! Погледнете ја разликата помеѓу првата и последната фотографија.
Пријателствата кои траат од детството, повеќе од 30 или 40 години се многу ретки. Но, тоа не значи дека тие не постојат. Пет пријатели решиле секоја година од 1982 година да позираат на ист начин и да го зачуваат споменот на своето пријателство со серија вакви фотографии. Сликите открија многу и предизвикаа голем интерес на Инстаграм, а фотографиите им се допаднаа на 1,7 милиони луѓе.
Фотографиите покажуваат како пријателите се менувале со текот на времето. Впечатокот на многумина е дека овие промени не се толку големи со оглед на тоа што првата слика е забележана во 1982 година, а последната во 2022 година. Некои велат дека најмногу се промениле од 2007 до 2012 година.
„Четириесет години, а изгледа беше вчера“, е коментарот под сликата кој пренесува колку брзо минува времето, но најважниот впечаток е дека пријателството и по толку години опстанало. Ќе се согласите дека тоа е богатството и среќата што многумина ги посакуваат!
Погледнете како изгледаа овие пријатели низ годините: