Прија „грмеше“ во Загреб! Таа на сцената излезе во бел фустан со шлиц до колковите, а вака ја пречекаа Хрватите

Младата и успешна музичка ѕвезда Александра Пријовиќ синојка го одржува првиот од петте концерти во Арена Загреб.

Салата е преполна, а во 21:00 часот пејачката излезе на сцената со својот бенд, а хрватската публика ја пречека со неверојатни овации и громогласен аплауз.

Прија специјално за оваа вечер избра прекрасен, бел фустан со длабок шлиц, во кој досега не сме имале можност да ја видиме.

Елегантниот фустан со светки го истакнува нејзиното деколте, но и долгите, витки нозе.

Атмосферата беше на ниво уште на самиот почеток, а и до крајот на ноќта беше на високо ниво.