Прија и Теа имаат двојнички! Девојките изгледаат исто како да се родени од иста мајка: Ова е неверојатно! (фото/видео)

Теа Таировиќ не крие дека инспирација за многу песни нашла во бугарската музика. Меѓу другото, пејачката сними дует со бугарската пејачка Галена, која се појави како специјална гостинка на нејзиниот концерт на Ташмајдан.

Сега на Тикток се појави видео од двете познати пејачи. Имено, се чини дека Теа Таировиќ и нејзината колешка Александра Пријовиќ имаат двојнички во Бугарија.

Она што на многумина им беше интересно, покрај изгледот кој силно наликува на овие две пејачки, имаа и сличен глас.

„Ајде, личат, но гласовите се исти“, „Гласовите се идентични“, беа само дел од коментарите, а на луѓето токму тоа им беше чудно.

Да потсетиме, Теа и Прија неодамна беа на настапот на Сања Вучиќ, каде што се качија на сцената и заедно ги испеаа своите хитови од нивните нови албуми. Тие пееја нивни песни што покажа голема колегијалност и почит.