Франција пресилна за македонските кадети на ЕП во кошарка

 Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во СРЦ „Кале“ вои Скопје загуби убедливо од Франција со 113:56.

Ова беше натпревар од второто коло во Б-групата на Европското првенство А-дивизија.

Французите ја потврдија фаворитска улога, а избраниците на селекторот Александар Јованчев ќе се обидат да го подобрат впечатокот веќе на утрешниот натпревар против Литванија која е единствената со максимален ефект во групата „Б“. 

На другиот натпревар од 2. коло Белгија загуби од Литванија со 48:73.

Распоред за утре:
Франција – Белгија (13:30 часот)
Македонија – Литванија (18:30).