Сезоната на правење ајвар е на пат, па не е лошо да знаете одредени трикови како најлесниот начин да ги излупите пиперките пред да се одлучите за следниот чекор.
Еден од наједноставните начини да ја отстраните таканаречената кора од печените пиперки е трикот со пластична кеса. Имено, кога ќе се испечат пиперките, веднаш префрлете ги во пластична кеса и затворете ја.
Оставете ги да останат во кесата околу 10 до 15 минути. Кога ќе изгорат пиперките, можете без проблем да ги излупите.
Уште еден начин за лупење на пиперките одзема малку повеќе време, а тоа е да ги ставите во замрзнувач неколку часа по печењето.
Откако ќе ги извадите од замрзнувачот, потребно е да ги ставите во најлонска кеса која веднаш ќе ја ставите под млаз топла вода. Држете ги пиперките под млаз вода не повеќе од 10 секунди и можете веднаш да почнете да ги лупите.
Доколку не сакате да користите пластични кеси, пиперките можете да ги излупите и така што ќе ги покриете со крпа или во тенџере со капак веднаш по печењето, а по 15 минути ќе бидат готови за лупење. Тука треба да бидете свесни дека изгорениот дел од пиперката ќе остави траги на вашата крпа.