Класичниот рецепт, јаболка во чорба, ја доби својата модерна верзија, која деновиве е мега популарна на TikTok. Јаболката и циметот се ултимативна есенска комбинација. Има многу десерти кои ги комбинираат токму тие две состојки, а овој многу ни се допадна. Многу лесно се прави и е многу вкусен. Во продолжение ви пренесуваме рецепт за јаболка завиткани во лиснато тесто.
Состојки:
– 1 купено лиснато тесто
– 1 големо јаболко
– ¼ шолја шеќер
– 1 лажица цимет
– 1 јајце
Лиснатото тесто исечкајте го на ленти со дебелина од прст. Излупете ги јаболката, исечете ги на прстени и извадете ја средината, односно стеблото и јамките. Во сад измешајте цимет и шеќер. Јаболката валкајте ги во смесата со цимет и шеќер. Завиткајте ги лентите од лиснато тесто околу јаболкото како што е прикажано овде. Премачкајте со јајце и посипете со остатокот од циметот и шеќерот. Печете на 180 степени 20 минути.