Проблемите го уништуваат англискиот фудбалер! Асот на „црвените ѓаволи“ отстранет од тимот – се скарал со тренерот, па доби голема казна! (фото)
Англискиот фудбалер и играч на Манчестер Јунајтед Џејдон Санчо ќе тренира одвоено од првиот тим додека се решат проблемите меѓу играчот и тренерот на тимот Ерик Тен Хаг, потврдија денеска од клубот.
Џејдон Санчо ќе остане на персонализирана тренинг програма надвор од првата тимска група додека не се реши прашањето за тимската дисциплина“, се вели во соопштението за медиумите.
Ова доаѓа откако Тен Хаг откри дека Санчо бил изоставен од првиот тим за поразот од Арсенал во Премиер лигата на почетокот на овој месец, бидејќи тренинзите на играчот не биле на ниво.
Санчо се огласи на социјалните мрежи за да ги отфрли тврдењата на Тен Хаг и напиша дека чувствува дека го направиле „жртвено јагне“.